Новото засилување на Камала Харис: Пристигнува жената која ја дизајнираше кампањата на Стармер


Деброа Метинсон, една од најважните луѓе во тимот на британскиот премиер Кир Стармер, ќе дојде во Вашингтон за да помогне во кампањата на кандидатката за претседател на САД, Камала Харис.

Како што пренесува Политико, Матисон ќе дојде во американската престолнина каде ќе одржи неколку средби со тимот зад Камала Харис, со цел да пренесе идеи и стратегии за претседателската кампања.

Матисон е еден од главните помошници и личност на која и се припишуваат големи заслуги за изборот на Кир Стармер за премиер на Велика Британија.

Политико, исто така, истакнува дека овој потег покажува важни врски меѓу властите во Лондон и Демократската партија во САД. Посебен фокус ќе биде на гласачите од работничката класа.

Метесон беше автор на стратегијата што ги врати овие гласачи кај лабуристите, кои со години гласаа за конзервативци.

Имајќи предвид дека Харис треба да ги придобие гласачите од работничката класа, со посебен фокус на белите гласачи, доаѓањето на Матисон може да има големо влијание врз исходот од ноемвриските избори.

Веќе неколку изборни циклуси, без разлика дали на национално или локално ниво, демократите имаат проблем со белите гласачи од средната класа, кои се повеќе гласаат за републиканци.
Патот на Харис до победата во ноември вклучува освојување повеќе гласови од луѓето што живеат во овој дел на САД, со кои таа не резонира толку добро како Џо Бајден.