Новогодишната честитка на Роналдо ја лајкнаа седум милиони фанови


Повеќе од седум милиони луѓе ставија лајк на новогодишната порака на Роналдо, проследена со фотографија со девојката и четирите деца:

„Нема сомнение дека 2020 година не беше лесна. Никој не може да ги негира болката и страдањето што коронавирусот ги донесе на светот. Но, сега е време да се кренеме и да покажеме како заедно можеме да направиме разлика.

Колку и да беше тежок падот, она што нѐ дефинира сите е начинот на кој застануваме на нозе и се соочуваме со новите животни препреки.

Значи, да ја направиме 2021 година на пресврт, на нов и подобар почеток. Затоа што сите, ама баш сите, сè уште можеме да ги најдеме најубавите верзии на себе. И, ако сите го сториме тоа заедно, тоа би можело да биде тајната за подобар живот.

Среќна Нова година и нека 2021 година остане запаметена само по убаво“.

Кристијано Роналдо кој во октомври беше позитивен на коронавирус, годинава е добитник на наградата „Најдобар играч на векот“ во изборот организиран од „Globe Soccer Awards“.Тој стана европски шампион со репрезентацијата на Португалија, ја освои Лигата на шампионите пет пати, стана шампион на Англија трипати, а на Шпанија и на Италија по двапати. Роналдо ја освои Златната топка пет пати.