Новогодишен добротворен базар за поддршка на жените жртви на семејно насилство


Новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци ќе се одржи денеска од 16-19 часот во барот „Интермецо“.

Настанот е со иницијатива на хумани жени и со поддршка на ЛК „Светлина“ Скопје и Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. 

За сите собрани средства, како што е најавено, ќе бидат купени ваучери и донирани во Националната Мрежа за да ги подели на корисничките, жените жртви на семејно насилство.