Новите сцени на Брус Вилис во неговото ретко излегување тешко се прифаќаат, неговиот тажен поглед ве остава без зборови…


Брус Вилис по долго време беше виден во јавноста, но сцените многу ќе ги растажат неговите фанови.

Актерот Брус Вилис беше виден во јавноста после многу месеци.

Папараците го фатија како се вози на совозачкото седиште во автомобил во Брентвуд, а неговиот тажен поглед ги остави сите без зборови. Покрај тоа, може да се види дека тој е значително ослабен.

Брус не може често да го гледаме бидејќи се повлече од јавниот живот поради дијагнозата на афазија и фронтотемпорална деменција. Од време на време некој од семејството зборува и открива како се чувствува актерот.

Ќерката на актерот Талула, која и самата се бори со тешка дијагноза, неодамна проговори за здравјето на својот татко.

Неговото семејство моментално е неговa најголемa поддршка.

Инаку, Брус за прв пат се ожени со актерката Деми Мур во 1987 година, а по 13 години брак се разделија, но се уште се во одлични односи. Заедно ги имаат ќерките Румер, Скаут и Талула.

Својата нова љубов ја круниса со вториот брак во 2009 година, кога се ожени со Ема Хеминг, со која сега има две ќерки – Мејбел Реј и Евелин Пен.