Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење
Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење на новите објекти во Кисела вода, соопштија од ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.
„Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење. Согласно Одобрение за градење издадено од страна на Општина Кисела Вода, ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија ДООЕЛ Скопје ќе започне со изградба на нов секундарен топловод за планирани објекти според ДУП Ј13 за населбата „11-ти Октомври”, Скопје“, соопштија од компанијата.
Во соопштението се додава деак новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Петар Милетиќ, остварил средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите кои се во изградба на потегот помеѓу бул. „Борис Трајковски” и улиците „Михаил Чаков”, „Народни Херои” и „Лазар Димитров”.
Топловодот не бил реализиран неколку години, но сега решение за овој проблем е најдено со изградба на нов секундарен топловод.
Милетиќ исто така потпишал 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти.