Новиот шеф на руската војска најави дека праќаат корпус на границата со Финска


 

Новата руска воена реформа е одговор на можноста за ширење на НАТО и „колективниот Запад“ на користење на Украина во хибридната војна против Русија, рече новоименуваниот началник на главниот штаб на руската војска Валериј Герасимов во првото јавно обраќање.

Путин, кон средината на јануари одобри воена реформа и таа може да се прилагодува да биде одговор на заканите за руската безбедност, рече Герасимов за поралот „Аргументи и факти“.

„Денеска тие закани вклучуваат желби на Северноатланскиот сојуз да се прошири на Финска и на Шведска, како и користење на Украина како средство за водење хибридна војна против нашата земја“, рече герасимов, кој е именуван на 11 јануари.

Финска и Шведска минатата година поднесоа барање за членство во НАТО, по руската инвазија на Украина.

„Главна цел е да се обезбеди заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“

Според новиот воен план на Москва, еден корпус ќе биде пратен во Карелија, република на северозападна Русија која граничи со Финска, со два дистрикта, Москва и Ленинград, кои постоеле и пред 2010 година, кои споени станаа дел на Западниот воен дистрикт Во Украина ќе пратат уште три моторизирани дивизии, кои ќе бидат дел од комбинираните воени формации во регионите Херсон и Запорожје.

„Главната цел е да се обезбеди заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, рече Герасимов и додаде дека модерна Русија никогаш не сведочела на такон „интензитет на воени непријателства“, што ја присилува да спроедува офанзивни операции за да ја стабилизира ситуацијата.

„Нашата земја и нејзините оружени сили денес делуваат против целиот колектив на Западот“, додава.

Во 11 месеци, откако ја нападна Украина, Русија ја менуваше својата реторика за војната од перација до „денацификација“ и „демилитаризација“ на соседната земја па се до прикажување на војната како одбрана од агресивниот Запад.

Киев и западните сојузници велат дека се работи за неизнвазивен чин на агресија, а Западот пража сѐ повеќе тешко вооружување во Украина за да ѝ помогне да даде отпор на руските сили.

Герасимов и министерството за одбрана беа соочени со симни критики поради неколкуте неуспеси на боиштето и неупех на Москва да извојува победа во војната за која Кремљ очекуваше дека ќе трае кратко.

Призна и проблеми со мобилизацијата минатата есен. „Системот на мобилизација во нашата земја не е во потполност прилагоден на новите модерни економски односи“, рече Герасимов и додаде дека „мора сѐ да се поправа во од“.