Новиот руски амбасадор ѝ ги предаде акредитивите на Сиљановска


 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Зиков.

Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право, соопшти нејзиниот кабинет.

За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија. Тој изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.

,,Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба“, рече Сиљановска, соопшти кабинетот.