Новиот објект од градинката „Црвенкапа“ во Аеродром е при крај

Аеродром добива нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца.
Градинката е лоцирана во Стар Аеродром, поточно во кругот на градинката „Срничка“, односно клонот „Црвенкапа“ на површина од 1.700 м2. Има осум занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите.
Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска изврши увид во активностите во новиот објект кој наскоро ќе започне со работа.
Аеродром, како и другите скопски општини, се соочува со огромен проблем со изнаоѓањето капацитети за згрижување на стотици деца, па токму затоа овој објект почна да се гради во мај 2021 година.
Досега во клонот „Црвенкапа“ престојуваа 75 деца, а со новиот објект тој број се зголемува за три пати.
На тој начин се доаѓа до решавање на проблемот со згрижување на децата и зголемување на капацитетите.
Покрај оваа во Стар Аеродром, нови градинки и доградба на постојните ќе има и во Мичурин, во близина на кулите Џевахир, во населбата Лисиче и на неколку други локации низ општината.