Новиот лидер на Сирија се сретна со американската делегација во Дамаск


Американската делегација која беше во посета на Дамаск денеска имаше состанок со новиот сириски лидер Ахмад ал-Шарех, чие воено име му беше Абу Мохамед ал-Голани, изјави извор близок до новите сириски власти.

„Средбата се одржа и беше позитивна. И резултатите ќе бидат позитивни“, рече неименуваниот претставник.

Тоа е првиот контакт меѓу САД и новите лидери на Сирија, кои ја презедоа власта по соборувањето на претседателот Башар ал Асад на 8 декември.

Американската делегација претходно денеска соопшти дека прес-конференцијата во Дамаск е откажана од безбедносни причини.  Сопругата на сменетиот сириски претседател Башар ал Асад, Асма, побарала развод за да замине во Лондон, незадоволна од условите за престој во Москва, каде семејството побарало азил, јавува Си-Ен-Ен Турк.

Во исто време, Асма ал Асад, сопругата на избеганиот сириски лидер која има и британско државјанство, се обратила до руските судови и побарала посебна дозвола да ја напушти Москва. Барањето се уште е во фаза на евалуација и  иако е прифатено барањето на Башар ал Асад за азил во Русија, воведени се строги ограничувања. На Асад строго му е забрането да ја напушти Москва или да се занимава со каква било политичка активност. Покрај тоа, руските власти го замрзнаа неговиот пристап до имот и финансиски ресурси.

Барањето за азил на братот на Башар ал Асад, Махир ал Асад се уште се разгледува. Асад е во Москва, каде што тој и неговото семејство добија азил, по бегството од Сирија, каде сириските бунтовнички сили ја презедоа контролата.

Асма Асад има и британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, каде што сè уште живеат нејзините родители.Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон. Се школувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар. Во Лондон го запознала Башар ал Асад, кој дипломирал медицина во Дамаск, а во Лондон специјализирал офталмологија.Асма се преселила во Сирија во 2000 година кога се омажила за Асад, само неколку месеци откако тој го наследи својот татко Хафез ал Асад како претседател. Имаат три возрасни деца – два сина и една ќерка.