Новиот клинички центар ќе биде кај базенот „Борис Трајковски“


Базенот „Борис Трајковски“ во скопски Карпош (Фото: Б. Грданоски)

 

Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. За тие две можности се размислувало во владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.„Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука“, рече тој.

Во врска со ГОБ „8 Септември многу бргу ќе се излезе со детална информација.

Во однос на еврообврзницата, Мицкоски истакна дека ќе биде објавена на почетокот на годината.во март – април. „Дали ќе биде во два купона или еден, ќе видиме, во зависност од информацијата што ќе ни ја дадат брокерите што ќе бидат анагажирани од државата за изнаоѓање инвеститори, условите што ќе ги понудат и интересот на пазарот“, рече Мицкоски.