Новиот ирански претседател го назначи поранешниот министер за надворешни работи Зариф за свој главен советник


 Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан го назначи поранешниот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за свој главен советник, јави ДПА.

Според иранските медиуми, Зариф ќе го советува Пезешкијан за прашања од внатрешната и надворешната политика во периодот на транзиција на власта.

Во својата улога на советник, поранешниот министер за надворешни работи ќе врши контрола врз процесот на избор на потенцијални министри за новиот кабинет.

Зариф беше министер за надворешни работи на Иран за време на претседателот Хасан Рохани од 2013 до 2021 година. Како шеф на иранскиот преговарачки тим, тој успеа да го склучи меѓународниот нуклеарен договор со шесте светски сили во 2015 година.

Мохамед Џавад Зариф е поддржувач на подобрување на односите со Западот и за директен дијалог со САД.