Новинарот што го праша Зеленски за оделото добил „илјадници“ смртни закани


Брајан Глен, дописник на десничарската кабелска мрежа Real America’s Voice, рече дека добил „илјадници смртни закани“ по неговите коментари за изборот на облека на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Брајан Глен е дечко на конгресменката на Републиканската партија, Марџори Тејлор Грин и е поддржуваќ на  МАГА  кој може да се најде на многу фотографии со Доналд Трамп.

Во видеото објавено до X од C-SPAN, Глен бара одговори од Зеленски во петокот: „Зошто не носиш костум? Вие сте на највисоко ниво во канцеларијата на оваа земја и одбивате да носите костум. Дали поседуваш костум?“

Споредувајќи ја политичката моќ на Зеленски со неговиот избор на облека, Глен продолжи на Real America’s Voice: „Понекогаш можете да ја процените книгата според нејзината корица и според тоа што тој не покажува почит. И очигледно, гардеробата го одразуваше неговиот став, што подоцна го дознавме околу шест и пол минути по тоа прашање“.

„ Добив илјадници смртни закани за ова. Во моментов имам полициска единица во мојата куќа во Тексас, бидејќи тие ми велат дека ќе ме најдат и ќе ми наштетат и слични работи“, рече Глен. „Тоа е многу сериозен проблем“.

На социјалните мрежи пак неговиот настап веже неколку дена е предмет на пародија.