Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри
услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со
современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава.
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на
училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со
современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно,
поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.
Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни
училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава
подобри услови за своите ученици.