Нови мерки во Хрватска за сузбивање на корона вирусот


Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, денеска најави нови мерки, употреба на ковид-потврди задолжителни за корисниците и вработените во јавните и државните служби, а од утре и нови ограничувања на собирите.

Ова се случува на денот кога е соборен рекордот со 6.932 новозаболени.

Според началникот на Националниот штаб, Давор Божиновиќ, треба да се делува на три полиња, да се постигне поголема вакцинираност, да се ограничат собиранките и да се обезбеди дополнителна заштита при работењето.

Затоа од утре се ограничуваат собирањата, а од 15 ноември ќе се прошири употребата на ковид-потврдите.

Тие ќе бидат задолжителни за сите вработени во државните и јавните служби, како и за граѓаните кои ќе влегуваат по услуга во институциите.

Најавија уште поширока употреба на ковид-потврдите од средината на ноември, ако бројките на новозаразнеи продолжат да растат, па ќе се воведат и за угостителски објекти, кафулиња, ресторани, теретани, рекреациски и фитнес центри на затворено.

Тестирањето ќе може да се направи само во регистрирани установи, а на почеток трошокот ќе го сноси работодавецот.

Ако ситуацијата не се подобри, ковидпотврди од 4 јануари ќе може да добијат само вакцинирани и прележани, а не и оние кои се тестирале.

„Овој период е оставен за сите оние кои не се вакцинирале, да стигнат да се вакцинираат до почетокот на следната година“, рече Божиновиќ.

Ограничување на бројот посетители на собири

Од утре собири на затоврено се дозволени до 50 лица, освен на оние каде гостите имаат ковид-потврда, а секако задолжително е носење маска и држење дистанца

На јавни простори повеќе од 100 лица може да има само со ЕУ дигитални ковид-потврди.

Сите собири мора да завршат до 24 часот, освен кино-проекциите кои почнале во 23 часот и свадбени свечености на кои сите имаат ковид-потврда. Но, тие мора да завршат до 2 по полноќ.

КОнгреи и конференции може да се одржуваат со услов сите да имаат ковид-потврда, носат маски и одржуваат дистанца.

Спорстки натпревари може да се одржуваат со присуство на гледачи на затоврено акои имаат ковид-потврда и користат маска. КОвид-потврда мора да имаат и за спортови на отворено, но нема да мора да носат маска.

Мерки и во школите

„Се однесува на сите државни и јавни служби и за оние вработени во состав на обрзованието. Ако не се вакцинирани или прележани, мора да се тестираат два пати неделно“, рече Божиновиќ.

Мерката за ковид-потврди не се однесува на учениците, а сега сите мора да носат маска, без оглед на дистанцата.