Нови хакерски напади, цел им се холивудски ѕвезди како Том Хенкс, Алек Болдвин и Семјуел Л. Џексон


Холивудски ѕвезди, тајкуни и милијардери се најдоа на мета на хакери кои им украле лични податоци во масовна виртуелна кражба, открива британски „Дејли меил“.

Сајбер-криминалци, во беспаќето на таканаречениот „дарк веб“, веќе пуштија 69.000 доверливи документи, кои се однесуваат на Доналд Трамп, Опра Винфри, Дејвид Бекам и сер Филип Грин. Се смета дека бараат десетици милиони фунти за откупнина и гаранција за сопирање на понатамошни осетливи информации.

Зад кражбата на податоци стои злогласната руска хакерска банда „Конти“ и тврдат дека објавените информации претставуваат само еден отсто од датотеките кои ги украле, а документите вклучуваат клиенти, фактури, сметки и кредитни белешки меѓу кои се сметки од подароци од тајни љубовници.

„Со оглед на профилот на базата на податоци на купувачите, ова е апсолутно голема закана#, вели поранешниот полковник на британската воена разузнавачка служба Филип Инграм.

Сајбер-стручњаците веруваат дека изнудувачите бараат плаќање во сајбер валута на која не може да ѝ се влезе во трага како биткон или дури и во бесценети камења.

Меѓу жртвите се наоѓаат 600 Британци меѓу кои и ќерката на Хрватката Тамара Еклестон, поранешниот фудбалер Френк Лампард, а меѓу суперѕвездите на списокот се и холивудските актери Том Хенкс, Семјуел Л. Џексон, Алек Болдвин, пејачот Тони Бенет, водителката Опра Винфри како и Доналд и Меланија Трамп.