Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Дополнително, МВР јави дека уште во две средни училишта во Скопје има добиено дојава за поставени бомби.