Нови дојави за бомби во четири училишта

На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веснаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за ббезбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.