Нови 3.000 садници ќе го раззеленат градот

Скопје се подготвува за 3000 нови зимзелени и листопадни садници кои ќе бидат засадени во наредниот период.
– Нашите екипи веќе го подготвуваат теренот за есенско садење, и тоа во повеќе општини во градот, булевари и парковски површини, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.
Во пролетната акција за засадување дрвја во Скопје беа засадени околу 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини.
Според Зелениот катастар што го изработува Град Скопје, досега се пребројани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Зимзелените дрвја се застапени во 28,65 отсто, додека листопадни има 71,35 отсто.