Нови 143 случаи со Ковид-19, двајца починати


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи со Ковид-19, што е 4,6 отсто од примероците. Бројката на активни случаи сега е веќе 2.099.

Најголем број од новозаразените се од Скопје – 79, по што следат Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по шест, Радовиш – три, Струмица – два, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по еден. Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1. Пријавени се две починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројот на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 69.471, Активни 669
Куманово 9.065, Активни 152
Прилеп 8.354, Активни 24
Тетово 7.930, Активни 571
Битола 6.373, Активни 56
Велес 5.488, Активни 12
Гостивар 5.436, Активни 234
Кавадарци 5.176, Активни 18
Охрид 5.061, Активни 40
Штип 4.977, Активни 12
Струмица 4.193, Активни 63
Струга 3.019, Активни 36
Кочани 2.817, Активни 21
Кичево 2.693, Активни 85
Гевгелија 2.197, Активни 0
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.530, Активни 3
Ресен 1.238, Активни 4
Крива Паланка 1.228, Активни 1
Радовиш 1.176, Активни 12
Берово 1.044, Активни 11
Дебар 998, Активни 45
Делчево 975, Активни 1
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 790, Активни 1
Валандово 677, Активни 8
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 367, Активни 8
Пехчево 276, Активни 5
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0.

Направени се 3.101 тестови преку: ИЈЗ-23, ЦЈЗ Скопје-23, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово–8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-78, Биотек-90, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-603, ВФВ Медикал-23, Ели Медика-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.989. Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.