Нови 115 заболени од Ковид-19 и 99 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи со Ковид-19 и 99 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 115 новозаболени од Скопје се 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.
Од 99 оздравени пациенти од Скопје се 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.
Направени се 1.652 тестови преку: ИЈЗ-223, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-47, Биотек-111, Систина-50, лабораторија Лаор-26, Синлаб-20, Ремедика-18, Плодност-18, Генеа-11, Никоб Лаб-79, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 696.
Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 413, на оздравени пациенти е 300 532, на починати е 9 287, а на активни случаи изнесува 594.