Новата германска владина коалиција се залага за „чекор по чекор“ влегување во ЕУ


Во Коалицискиот договор меѓу ЦДУ, ЦСУ и СПД, наречен Одговорност за Германија, во една од точките е наведено дека изменетата глобална ситуација бара понатамошен развој на процесот на пристапување во ЕУ. 

„Заснован на перформанси и диференциран пристап има за цел подобро да го награди индивидуалниот напредок постигнат од земјите кандидати во приближувањето кон европските стандарди“, се вели во документот.

Натаму, се нагласува дека, во исто време, ЕУ мора да стане способна за проширување преку своите внатрешни институционални реформи. 

„Ние се залагаме за чекор-по-чекор пристап кон интеграцијата за земјите кандидати. Ние сме за постепено вклучување во програмите и политиките на ЕУ, доделување статус на набљудувач во Европскиот парламент и Советот на ЕУ и придружно членство во одредени области како што се ЗНБП/ЗБПР без право на глас. Важниот пристап во ЕУ на шесте земји од Западен Балкан, Украина и Република Молдавија е во нивен заеднички интерес.Овој проект ќе биде помаган преку Берлинскиот процес – затоа што мораме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан“, е потенцирано во овој документ.