Новак Ѓоковиќ станува сопственик на познат фудбалски клуб

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро ќе стане сопственик на францускиот клуб Ле Ман, кој се натпреварува во втората дивизија таму, објавуваат медиумите од оваа земја.
Како што истакна „Л’Екип“, Новак Ѓоковиќ наскоро ќе стане сопственик на Ле Ман. Србинот нема да влезе сам во бизнисот, туку заедно со момчето на белоруската тенисерка Арина Сабаленка. Станува збор за Јоргос Франгулис, кој е и генерален директор на компанијата „Оукбери“, која влегува во Ле Ман преку бразилскиот инвестициски фонд „ОутФилд“.
Интересно е што тие не се единствените познати личности кои ќе бидат во Ле Ман. Заедно со нив, во клубот ќе се приклучат и познати имиња од светот на мотоспортот, Бразилецот Фелипе Маса и Данецот Кевин Магнусен. Нивната визија е да ја поврзат мотоспортската традиција што владее во овој град поради познатата трка „24 часа Ле Ман“ заедно со фудбалот.
Инаку, Ле Ман е член на втората лига во Франција, а една од првите цели ќе биде враќање на овој клуб во елитната Лига 1. Што се однесува до Франгулис, ова не е првиот фудбалски клуб во кој ќе биде, со оглед на тоа што беше дел и од бразилската Коритиба.
Познато е дека Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка се меѓу најдобрите пријатели на тениската сцена, и можно е дека и ова влијаело на целата оваа соработка, пренесува „Блиц“.