Нова провокација од Виктор Стојанов, ќе организира панахида за Мара Бунева во Скопје
Старо-нови провокации од Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“. Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повикува на 12 јануари на собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитриј во Скопје, во 11,30 часот.
Како и секогаш се планира на кејот на Вардар да се положат венци и цвеќиња. Некогаш на овие собири имаше и физички пресметки и секоја година одбележувањето на годишнината од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева предизвикува контроверзи во македонско-бугарските односи.
Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.
На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.
Пред две години на кејот на Вардар главен говорник на настанот беше бугарскиот европратеник од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој ги повика „владејачките елити во Северна Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната.
Виктор Стојанов одамна е познат во јавноста со своите активности на делење претплати за бугарска телевизија, книги и подароци, а пред се со турнеите во земјите околу Македонија барајќи Бугари. Досега инемаше некој забележлив успех, но помогнат од бугарскиот државен врв издејствува вметнување на Бугарите како малцинство на пописот во Албанија и поткупи одреден број од наши преставници на малцинството да се декларираат така. Иако настапува како осамен националист и сопственик на фондацијата Македонија, јасно е дека зад неговите активности стојат политички кругови во Бугарија, а веројатно и служби. Генерално досега неговите провокации се игнорираа како патетични, а и панихидите за Мара Бунева поминуваат така изминатите години.
Во низата антимакедонски објави на оваа фондација беше и кога Стојанов „се пофали“ и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите. Давал 30 евра за деца да учат бугарски јазик. Фондацијата беше актуелна и со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија. Фондацијата беше во фокусот и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија.
Неговата антимакедонска активност не е тајна, доволно е само да му се разгледа профилот на Фејсбук, на кој пред неколку месеци јавно објави и имиња на лица за кои тврди дека биле агенти на македонската Агенција за национална безбедност.На Фејсбук се пофали и дека во Скопје организирал воена обука.Очигледно сега некому му треба да се фрли светло на неговите активности кои се пропагандно најагресивни кон Македонија, покрај тие на БГНЕС кој деновиве објави документрарен филм што го подготвиле самите за наводно убиените илјадници политички неистомисленици во 1944 што се изјаснувале како Бугари.