Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје


Од проверката на „Јосип Броз“ - Фото: Б. Грданоски

 Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје е примена попладнево во СВР Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот.

– Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меjл адреса на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки и за расчистување на случајот, велат од МВР.

Овојпат, според непотврдени информации, се работи за гимназијата „Никола Карев“.

Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените поверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни.