Нова австриска Влада положи заклетва


По 155 дена преговори, најдолги во историјата на земјата, Австрија доби нова Трипартитна Влада, составена од Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Неос.

Новата австриска Влада денеска положи заклетва пред претседателот Александар ван дер Белен.

Новата Влада е предводена од канцеларот Кристијан Штокер (лидер на ОВП), вицеканцелар е Андреас Баблер (претседател на СПО), додека лидерката на Неос, Беате Мајнл-Рајзингер е министерка за надворешни работи,

Австриската Влада има 21 член, канцелар, вицеканцелар, 12 министри и седум државни секретари.

Новата Влада најави построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најави континуитет во надворешната политика и политиката на ЕУ, што вклучува континуирана поддршка за Украина.