Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа

Оваа недела ќе биде официјалното лансирање на Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC), организација посветена на јакнење на економските врски и бизнис можностите помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион. Комората ќе биде клучен мост кој ги поврзува американските компании со Балканот и истовремено ги поддржува балканските компании кои сакаат да го освојат американскиот пазар, соопштија од комората.
– Основањето на Американската Балканска Стопанска Комора претставува важен чекор во трансатлантската трговија, изјави Елиза Пренџов, претседателка на ABCC.
– Балканскиот регион нуди огромни можности за американските компании, додека пазарот на САД претставува значителен потенцијал за балканските компании. Нашата мисија е да jа помогнеме во оваа соработка и да создадеме долгорочни партнерства, вели Пренџов.
Клучните иницијативи на ABCC ќе вклучуваат:
● Промоција и олеснување на инвестиции
● Трговски мисии и бизнис делегации
● Консултантски услуги за влез на пазарот
● Мрежни настани и бизнис поврзувања
● Поддршка за политики и регулаторни насоки
● Образовни програми за бизнис
● Промоција на туризам
Комората почнува со видни и успешни членови од американски и балкански компании, од различни индустрии и го одразуваат силниот интерес за зајакнување на економските врски помеѓу овие региони.
Инаугуративниот настан ќе се одржи во Њујорк на 27 март 2025 година, и панел дискусии фокусирани на стратегиите за влез на пазарот и меѓукултурни бизнис практики, се вели во соопштението.