Нов земјотрес во Романија


Земјотрес со јачина од 4 степени повторно ја погоди Романија, соопшти ЕМСЦ. Според нивните податоци, епицентарот бил на околу 20 километри од градот Таргу Зију, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Инаку, ова е 22-ри земјотрес во Романија во изминатите 70 часа.

На ова место вчера е регистриран и земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на длабочина од девет километри, а во близина на истото место на 13 февруари е регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а ден подоцна е регистриран уште еден со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, во централниот дел на Романија.