Нов твит на Трамп: Насекаде пронаоѓаат гласови за Бајден
Американскиот претседател, Доналд Трамп, со нов твит повторно изрази сомнеж во регуларноста на пребројувањето на гласовите на претседателските избори.
“Тие работат напорно за да ја снема предноста од 500.000 гласови во Пенсилванија што е можно поскоро. Како и во Мичиген и во другите држави”, напиша Трамп на Твитер.
Во претходниот пост, тој изјави дека тие „наоѓаат гласови за Бајден насекаде – во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген“.
Претходно тој со својот твит го оспори броењето на гласовите.
„Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно се’ сфатија буквално и историски.Како е можно секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување“, напиша американскиот претседател.
Менаџерот на изборниот штаб на Џо Бајден, пак,верува оти демократскиот кандидат е на пат да победи на изборите и тврди дека тој веќе победил во Висконсин.Тој рече дека Бајден ќе има над 270 изборни гласови до крајот на денот, колку што е потребно за да победи, па и ако сега се запре со пребројувањето на гласови (како што бараат републиканците) тој победува.Според штабот на Бајден, тој ќе победи во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија поубедливо од републиканскиот кандидат и сегашен претседател во 2016 година. Според изборниот штаб, Бајден ќе има мнозинство гласови и во Невада.