Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура


Филхармонија на протест на 27 април пред Министерството за култура/ Фото: Б. Грданоски

Денеска во 14 часот, вработените во Филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ, во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Нашите протести продолжуваат се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Министерството за култура. Колку повеќе Министерството за култура го прологира решавањето на проблемот, толку повеќе се продлабочуваат и последиците кои веќе се одразуваат и на работата на нашата институција, се вели, меѓу другото, во соопштението на Синдикатот на македонска филхармонија.