Нов негативен рекорд во Грција со 121 починат од последици од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи на дневно ниво, почина 121 лице, а намален е бројот на новозаразени, со 1.747 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно, најголемиот број заразени е во Солун, 486. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина се 273, а останатите во 48 различни делови на земјата.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 606 пациенти.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 103.034 случаи, а починаа 2.223 лица.