Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп


Нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп каде попладнево имаше сообраќајна незгода. 

Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 15 часот сообраќајот е нормализиран за сите видови возила.