Нори противник на Ѓоковиќ во третото коло на УС Опен

Њујорк – Британскиот тенисер Камерон Нори се пласираше во третото коло на УС Опен, откако синоќа победи во четири сета против Аргентинецот Франциско Комесано со 7:6(5), 6:3, 6(0):7, 7:6(4).
Нори (АТП-35) до победата над 54-то рангираниот тенисер во светот дојде по четири часа и три минути игра.
Во третото коло, Нори ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Нори досега имаат шест меѓусебни дуели, а српскиот тенисер има шест победи.
Ѓоковиќ до третото коло стигна откако го победи Закарија Свада со 3-1 (6:7, 6:3, 6:3, 6:1) .
Имаше проблеми и тешкотии за српскиот ас, но тој излезе посилен и беше подобар од тенисерот кој досега во својата кариера играше само на Отвореното првенство на САД, кога станува збор за Гренд слем натпреварите.
Американецот остана зад Ноле, а пласманот во третото коло означи изедначување на неговиот резултат од минатата година, така да, сè е плус до крајот на Отвореното првенство на САД.
Покрај тоа, Ноле го сруши рекордот на Роже Федерер, за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен. Имено, Ѓоковиќ се пласираше во своето 75-то трето коло на Гренд слем турнирите и го остави Швајцарецот зад себе со 74. Рафаел Надал е далеку зад него со 59 настапи во третото коло.