„Ноќта на 12-ти“ во „Милениум“: Гала филмска вечер со проекција на најдобриот француски филм во 2023


Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на винарската визба „Тиквеш” и Младинскиот културен центар, имаат чест да Ве известат дека во среда, 31 мај 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти”.

Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор во Македонија,  Сирил Бомгартнер и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54) .

Добитник е на шест награди награди Цезар 2023, меѓу кои и два од најпрестижните: за Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.

 

Што напишаа француските медиуми за филмот:

 

Проекцијата на „Ноќта на 12-ти” на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)

Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки. (Elle)

Филм на годината. (Le Figaro)

Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти” е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените. (Télé Loisirs)

Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: [email protected] (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).