Ноќеска гореше и Дрисла, дел од механизацијата се префрлила во Трубарево

Пожарот на депонијата Дрисла повторно се активирал во текот на ноќта, а го гаснела една екипа на скопската противпожарна бригада. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека огнот бил изгаснат и не го зафатил влажниот дел од тлото.
„Состојбата на Дрисла е стабилна, пожарникарите го изгаснаа огнот, а денеска ќе продолжи опожарениот дел да се затрупува со земја“, вели Ангелов.
Тој информира дека во изминатите денови половината од локацијата на депонијата каде што има чадење и повремени пожари е затрупана со земја. Дел од механизацијата што работеше во Дрисла во текот на вчерашниот ден била префрлена во Трубарево, а денеска ќе се врати за да продолжи со затрупувањето на депонијата.