Земјотрес во Албанија почувствуван во Дебар, ноќеска тресело низ цела Македонија
Се работи за земјотрес со јачина од 4 степени недалеку од македонско-албанската граница. Жителите на Дебар го почувствуваа овој потрес. Епицентарот на земјотресот е лоциран во Албанија, на 44 километри од Тирана, на длабочина од 4 километри.
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје, во Косово.
Од Сеизмолошка опсерваторија добиено е следното известување дека Телеметриската сеизмолошка мрежа на Р.С.Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата од државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 16.12.2024 година, регистрираа четири земјотреси во различни делови од Р.С.Македонија.
Во 01:12 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 01:14 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 01:22 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда МL2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 19:45 минути, регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 112 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.