Нобеловката Светлана Алексиевич одби да одговара на прашањата на белоруските иследници
Нобеловката Светлана Алексиевич одби да одговори на прашањата на белоруските иследници, кои ја поканиле на рочиште како дел од истрагата насочена против Координатиивниот совет на опозицијата чија членка е таа.
Советот беше формиран со цел транзиција на власта по спорните претседателски избори на 9 август, на кои Александар Лукашенко беше избран по шести пат.
„Го искористив своето право да не сведочам против себеси“, им рече на новинарите Светлана Алексијевич (72) по сослушувањето, додавајќи дека таа „не се чувствува виновна за ништо“, додавајќи дека целта на советот е да го консолидира општеството.
„Мислам дека мора да се држиме заедно, да не се предаваме… мора да победиме благодарение на силата на нашиот дух и нашите верувања“, рече писателката, предупредувајќи дека е против секое „крвопролевање“.
Минатата недела, белоруското судство отвори истрага против Координативниот совет, кого го обвинува за „повик за загрозување на националната безбедност“, за што е предвидена казна од три до пет години затвор.
Двајца други членови на советот, Сергеј Дилевски и Олга Ковалкова, беа осудени на казна затвор во траење по 10 дена за неовластени демонстрации во неделата, кога во Минск се собраа повеќе од 100.000 луѓе. (Бета)