Нема да има пеење химна во училиштата, тврди Вреди
Од коалицијата Вреди информираат дека го суспендирале законот за средно образование кој межу другото предвидуваше изведување на државната химна во училиштата.
„По поднесувањето на амандманите од коалицијата ВЛЕН, Владата го повлече законот за средно образование. Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е само ВЛЕН. Постапивме како што ни одговара. Без звук и без бучава. Во првото читање наредбата ја дадовме со тоа што воопшто не гласавме, а по потреба поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, имаме повлекување на законот од страна на владата.
Национална интонација нема да има во училиштата во земјава, туку во Велес, затоа што ДУИ гласаше да се изведува македонската химна во таа општина.
ВЛЕН е гаранцијата дека нема да се носат еднострани закони како што се случуваше со ДУИ во минатото“, велат од Вреди.
Од Владата ја потврдија веста дека е повлечен од собраниска процедура Предлог на законот за средното образование, кој беше во второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-Владата со допис од 20 декември го повлекува Предлог-законот за средно образование, во второ читање, информираше Василевска.
Пашоли, пак, додаде дека по повлекувањето на законот пратениците на Европскиот фронт треба да се координираат и побара еден час пауза. Седницата ќе продолжи во 14 и 20 часот.
На дневен ред на комисиската седница се и Предлог-закон за образование на возрасни, Предлог-закон за стручно обрзование и обука и Предлог -закон за измени и дополнувања на Законот за основното образование, сите во второ читање. За овие закони се поднесени триесетина амандмани.