НМС бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени


Дел од вработените во Клиничка болница Тетово и Здравствен дом кои се членови на Независен mедицински sиндикат (НМС) по повод вчерашниот ден на здравјето денеска од 10 до 10:30 часот одржаа протест со барање за подобри услови за работа во јавните медицински установи.

Координаторот на Независен mедицински sиндикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите посочи дека во градот еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар.

-Бројот на вработени не кореспондира со препораките од СЗО како установа сме региситриани за 470 кревети, за кои треба да има тројца вработени по кревет, речиси 1500 вработени за да оптимално се изврши и даде здравствена услуга. Нам ни фалат најмалку 400 вработени за да се изврши оптимална здравствени услуга, изјави Ариф Ибраими.

Независен mедицински sиндикат во повеќе градови одржа протест од кои се истакнаа барањата за трајно решение на над 1.100 здравствени работници и помошно-технички персонал кои се со договор за дело или со решение за времено вработување и други барања.