Њујорк: Се топат каблите од жештина


Околу 40.000 њујорчани немаат електрична енергија поради бранот жештини и влажното време што го погоди овој американски град.

 

Од 40.000, дури 20.000 се потрошувачи во Бруклин на кои струјата им беше исклучена во неделата за комуналната служба да може да изврши поправки и да спречи поголемо исклучување на електричната енергија, рече градоначалниикот на Њујорк, Бил де Бласио.

Во југоисточен Бруклин 13.000 потрошувачи добија струја, пренесе АП.

Со немање струја најмногу се погодени жителите на Бруклин и на Квинс.

Во тие подрачја распоредени се околу 200 војници, 100 генератори и 50 рефлектори.

Властите апелираат жителите да ги проверат постарите соседи.