Њу Делхи се пече на 49 степени Целзиусови


 

Индија се најде на удар на топлотен бран, а во Њу Делхи измерени се 49 степени Целзиусови.

Интензивниот топлотен бран ги зафати северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени Џелзиусови во делови од главниот град Њу Делхи.

Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во индиската престолнина ова лето, пренесе Танјуг.

Надлежните во многу делови од земјата ги замолија луѓето да преземат мерки за претпазливост и предупредија дека жештината може да се смета за здравствен ризик за ранливите лица, меѓу кои и новороденчињата, постарите лица и лицата со хронични болести.

Државите Химачал Прадеш, Харијана, Утраканд, Пенџу и Бихар посебно беа на удар на високите температури во последните неколку дена, соопшти индиското метеоролошко одделение.