Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар


 Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења. 

Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек.

И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден.