Ниту еден инспектор, од 988, нема земено плата за декември


Во период од годината кога се апелира државните инспектори да бидат на терен и да го контролираат загадувањето, кога поради воведената новогодишна кошничка, се бараше инспекторите да се по продавници и да се проверува дали се спроведува мерката, овие луѓе немаат земено плата за декември, укажа денеска претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

– Во овој момент 988 вработени сѐ уште немаат добено плата за декември. Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. поради доцнење на министерството за финансии кое навремено не си ги презеде своите обврски, согласно законските измени, остави 988 вработени без плата, без вратени кредити и без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата, која се исплаќа најдоцна до 15 ден во теко на месецо и сѐ уште нема информација кога и дали вработените во инспекторатите ќе ги добијат своите плати – рече Деаноски денеска на прес-конференција при протестот на дел од аминистрацијата која бара зголемување на платите од 30 отсто, пред Државниот завод за статистика.

Место зголемување од 30 отсто, за 40 отсто намалена им е платата на оние кои штрајкуваат

– Денес сме пред Државниот завод за статистика – институција специфична по обемот и делокругот на работа, а вработените со едни од најниските плати во државата – рече Деаноски.

Одговори и на прозивките од Владата дека, дека ова е протест, а не штрајк, иако владата секојдневно го кажува тоа. Штрајк значи неизвршување на работни задачи, а доколку вработените од Државниот завод за статистика не извршат само една работа задача од својот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечна месечна плата на ниво на држава ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните.

– Членовите на Синдикатот на УПОЗ се одлучија да го изразат своето незадоволство токму преку одржување на получасовен протест за да граѓаните и приватниот сектор не трпат никакви последици – рече Деаноски.

Претходните денови по половина час се протестираше пред други министерства и институции, а за утре е закажан протест пред Министерството за финансии.