Ништо од финалето на Ролан Гарос за Ѓоковиќ, загуби од Синер со 3-0


Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во големото финале на Ролан Гарос благодарение на победата од 3-0 во сетови над Новак Ѓоковиќ (Србија).

Резултатот по сетови беше 6:4, 7:5, 7:6 (3).

Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој денес го победи Лоренцо Мусети во првото полуфинале на Ролан Гарос.