Нина Бадриќ со концерт во Филхармонија на 27 октомври


Фото: А. Дамјановиќ

Регионалната поп-ѕвезда  од Хрватска и миленичка на македонската публика Нина Бадриќ се враќа во Скопје со концерт по пауза од цели шест години.

“Ви благодарам што одвоивте време денес кога е викенд, веројатно би биле со своите дома, благодарам уште еднаш што сте тука. Нема многу да ве задржиме. Она што ми е драго што долги години сакам да направам еден прекрасен концерт во Македонија и еве, сега се создаде прилика за тоа. Ова може и да го наречам прв солистички концерт во Македонија, бидејќи сите овие години Скопје ми поминуваше низ раце. Се надевам дека салата ќе биде распродадена, тоа мене ме прави среќна. Знам дека тоа ќе биде вечер со многу љубов, славење на животот, по некоја солза… – истакна Бадриќ на средбата со новинарите викендов во Скопје.