Николоски: ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со Алијанса на Албанците и Алтернатива
ВМРО-ДПМНЕ соработува одлично со Алијанса на Албанците и Алтернатива, а пример за тоа е беспрекорното функционирање во Собранието како опозициски партии, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во емисијата “360” на Телевизија Алсат. Николоски посочи и дека на последниот собир организиран од фондацијата „Конрад Аденауер” присуствувале претставници на овие две партии, што е доволен показател за добрите односи и позитивното расположение во однос на можна коалиците помеѓу овие партии.
„Сметам дека коалицијата е можна и многу порано пред локалните избори, доколку се конкретизира моделот на коалицијата и начинот на кој таа коалиција би функционирала. Добро е што опозициските партии се сплотени и целта на овие партии и крај на овој хибриден режим и градење на едно ново општество кое што ќе нуди успех на сите граѓани“, додаде Николоски.
Николоски беше дециден дека сите можни коалициски партии имаат исти гледишта на моменталната ситуација во државата и тоа е главниот двигател кој е заеднички за сите, бидејќи заедничката цел е иста. Главен императив на опозициските партии кои што би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ е оваа ненародна власт да си замине и да се формира ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, исстакна Николоски.
Тој исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ почна со средби со граѓаните низ сите градови во Република Македонија. Според Николоски, претстојните локални избори се одлична и голема шанса за ВМРО-ДПМНЕ да освои што е можно повеќе општини во земјата, за потоа да има причина да побара и предвремени парламентарни избори.