Николоски: Односите со САД се приоритет во надворешната политика
Вицепремиерот и министер за транспорт ги одреди односите со САД како приоритет во надворешната политика на Македонија, посредно ставајќи ги реалциите со Европската унија во втор план. Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77 Николоски во оваа нова ориентација го додаде и договорт потпишан со Велика Британија и рече: „Тоа се центрите надвор од Брисел, кон кои што ние го вртиме нашиот поглед“.
На неговите средби во Стејт департментот за време на неодамнешната посета на Вашингтон, како што рече, „за прв пат на политички состанок, на високо ниво, не е тема број еден Европската унија, што мислам дека е резултат на односите коишто во моментов постојат и не е никако поврзано со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи“. Николоски нагласи дека владата била пофалена, меѓу другото и поради тоа што на неколкуте гласања во Обединетите нации Македонија „беше една од ретките држави која што ги поддржа САД кои се наш стратешки партнер број еден“.
Во разговорот тој нагласи дека рабата на изградба на автопатите оди според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. „Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци“, рече Николоски.