Никола Ристановски се закити со „Златна арена“ на фестивалот во Пула
Нашиот најнаградуван актер во филмот „Меѓу боговите“ зборува на фарси (персиски), а македонската публика ќе го види на Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ што ќе се одржи од 7-12 август во Дојран

На првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, на престижниот Филмски фестивал во Пула му беше врачена престижната награда „Златна арена“ за споредна машка улога во филмот „Меѓу боговите“ во режија на Вук Ршумовиќ. За истиот филм со „Златна арена“ за главна женска улога се закити и неговата партнерка во филмот, Ферештех Хосеини.
Како што изјави Ристановски за време на работата на филмот, сценариото на Ршумовиќ е прекрасно, а работата на него била специфична, и покрај тоа што му биле дадени 40 дена за да се подготви. Куриозитет е што во филмот нашиот актер зборува на фарси (персиски), за што исклучително напорно се подготвувал, бидејќи во филмот игра преведувач за бегалците од Истокот.
Глумам преведувач од фарси, улога што им помага на протагонистите да ја артикулираат целата приказна
За една од неговите последни улоги на големото платно во филмот „Меѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, Ристановски зборуваше лани и во интервју за српски НИН. Филмот ја имаше својата премиера, лани, на фестивалот во Сараево, а македонската публика ќе го види на Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ што ќе се одржи од 7-12 август во Дојран.
– Многу вредна и прекрасна работа. Глумам преведувач од фарси, една од оние улоги што им помага на протагонистите, поддршка да ја артикулираат целата приказна, што ми беше исклучително важно професионално. Приказната е многу моќна, се работи за модерната Антигона, жена што не може да го погреба својот брат. Станува збор за бегалците, што е голема тема на нашето време… Не смееме да заборавиме дека овие луѓе имаат имиња и презимиња, биографии, особености, свој поглед на светот… Бидејќи не постои идеологија или идеја што носи луѓе заедно, ние сме оставени едноставно да се трудиме да живееме, оставени сме на индивидуалната етика, колку што секој може да воспостави каква било емпатија кон другите и некаков систем на вредности. Во исто време, огромното мнозинство луѓе се оптоварени со разни – „само нивни“ работи, сериозни животни прашања и околности. И на тој начин заборавајќи ги другите, полека се забораваме себеси, вели Никола во интервјуто.
Излевајќи силен, но потценет шарм и посебна харизма во своите улоги, тој исто така носи еден вид ликовно проучување што ги спојува слоевите на суштината на дадениот наслов со безмилосен поглед на реалноста во која се наоѓа тој и во која се наоѓаме ние. Тоа зрачи од сите негови улоги и на екранот („Сенки над Балканот“, „Утрото ќе промени сè“, „Убијците на татко ми“…) и на сцената. Негови матични театри се Народниот театар во Скопје и Народниот театар во Белград, каде што има неколку изведби во живо: „Татковци и татковци“, „Дервишот и смртта“, „Куклата од креветот бр. 21“, „Иванов“…
В