Никола Кимовски е нов в.д. директор на МНТ
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, за в.д директор на Националната установа Македонски народен театар денеска го назначи Никола Кимовски, театарски и филмски продуцент, на местото на Симона Угриновска која поднела оставка од директорската позиција, соопштија од МНТ.
-Согласно решението од Министерството за култура на Република Северна Македонија од 10 јули, а потпишано од страна на министерот за култура Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски. Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година, информираа од Македонскиот народен театар.