Никол Кидман: Moќниот портрет на Лусил Бол ѝ донесе „Златен глобус“


САД– Оскаровката и модна икона икол Кидман (54)  освои Златен глобус за нејзината моќна улога на Лусил Бол во „Being the Ricardos“. Соопштението беше објавено на на Твитер на престижните филмски награди кои ги доделуваат странските новинари акредитирани во Холивуд.

„Трката меѓу овие водечки дами беше тесна, но Златниот глобус за најдобра актерка – филм – драма оди кај Никол Кидман за нејзината улога во Being the Ricardos“, се вели во твитот.

Кидман беше номинирана заедно со Оливија Колман (Изгубената ќерка), Лејди Гага (Куќата на Гучи), Кристен Стјуарт (Спенсер) и Џесика Честејн (Очите на Тами Феј). Ова е шести Златен глобус за актерката.

Кидман ја игра Лусил Бол во биографскиот филм, кој ја отсликува често комплицираната врска помеѓу реалниот холивудски пар Лусил Бол и Деси Арназ, играна од Хавиер Бардем, додека го снимаа нивниот хит ситком од 1950-тите, Ја сакам Луси.

Во „Being the Ricardos“, по сценарио и режија на Арон Соркин, глуми и Џ.К. Симонс и Нина Аријанда во улогите на Вилијам Фроули и Вивијан Венс.

Номинациите за 79. Златни глобуси беа објавени на 13 декември 2021 година. Различни медиумски организации, вклучително и американскиот радиодифузер NBC, и стриминг гиганти како Нетфликс, Амазон и Ворнер медиа, ја бојкотираат церемонијата поради недостатокот на акција на Холивудската асоцијација за странски печат (HFPA) да се зголеми различноста на членството во организацијата.

Никол Кидман не наликуваше на ликот на познатата американска актерка во филмот, па филмските критичари и дел од публиката бурно реагираа за кастингот, апелирајќи дека за оваа улога повеќе одговараат други актерки.

Во напис за „Independent“, Кевин Пери, филмски аналитичар кој со години пишуваше за „Guardian“, наведува дека не е важно дали актерот или актерката физички личат на историска личност, туку дека најважно е дали срцето на актерот се остава пред камера.

Уште во април, фотографиите на Никол Кидман како Лусил Бол предизвикаа бурни реакции бидејќи луѓето коментираа дека „Никол Кидман личи на Никол Кидман“.

Поради шминката и маската што ги носи Кидман за филмот, многумина мислеа дека оскаровката повторно нешто направила со лицето. Имено, дури кога таа се појави на црвениот тепих со својот сопруг Кит Урбан по повод премиерата на „Being the Ricardos“, на сите им беше јасно дека нема некои големи драстични промени.