Никој не се јавил на тендерот за уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“


Фото: Б. Грданоски

Ниту една фирма не се пријавила да ја урива дивоградбата кај трговскито центар Мавровка.

Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и траеше до денеска.

Од Општина Чаир велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, со истите критериуми.

Сите законски рокови истекоа, но ниту општина Чаир, ниту МВР и обвинителството не го најдоа инвеститорот кај „Мавровка“.

Непознатиот сопственик имаше рок до вчера самиот да ја урне дивоградбата, но тоа не се случи.. На објектот веќе десетина дена нема градежни активности.